Во текот на вчерашниот ден во 12:30 часот било пријавено дека во Делчево, атар на с.Звегор, избувнал пожар на површина од околу два до три хектари, при што изгорела сува трева и насад со сливи, информираат од МВР.
Од страна на Територијалната противпожарна заштита Делчево во 14,25 часот пожарот бил изгаснат. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.