петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 76
home Хроника

Пожар настана во „БМВ“, зафатени „Пежо“ и „Ауди“

Пожар настана во „БМВ“, зафатени „Пежо“ и „Ауди“

На 11.05.2022 во 02:30 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека на паркинг просторот на ул.„Ташко Караџа“ настанал пожар во патничко возило „БМВ“, сопственост на Д.Д.(38) од Скопје.

Од пожарот биле зафатени и патничко возило „пежо 207“, сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „ауди А2“, сопственост на Х.С.(28) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Увид бил извршен.

Коронавирус