вторник, 18. септември 2018. Вести денес: 125
home Хроника

Пожар на игралиштето во штипската населба Три Чешми

Пожар на игралиштето во штипската населба Три Чешми

Во пожар изгоре соблекувалната на фудбалското игралиште во штипската приградска населба Три Чешми.

Надлежните од Територијалната противпожарна единица –Штип велат дека пожарот избувнал околу 12 часот и 30 минути и за кратко време го зафатил целиот објект.

Во гаснењето на пожарот интервенирано е со три противпожарни возила и шестмина пожарникари. Пожарот бил навреме локализиран, а огнените јазици зафатиле и дел од сувата трева околу игралиштето, со што е спречено да се прошират кон бензинската пумпа на Макпетрол, која се наоѓа на регионалниот пат Штип-Велес.

Во тек е увид на местото на пожарот од страна на екипи на СВР-Штип, кои треба да утврдат, кои се причините за овој пожар. (МИА)