вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 159
home Хроника

Пожар кај Велес: Гори ѓубриште на вливот на Бабуна

Пожар кај Велес: Гори ѓубриште на вливот на Бабуна

Попладнево од 13:50 минути гори ѓубриште на вливот на река Бабуна, после мостот па патот кон село Црквино во близина на Велес. Со четири пожарникари и едно противпожарно возило гаснат од ТППЕ Велес.

Како што информираат за МИА оттаму, пожарот пред малку бил ставен под контрола и работат на негово целосно гаснење да не се прошири по околните лозови насади во непосредната околина.

Пожарот е од левата страна на мостот на Бабуна, а завчера вечер од десната страна на патот пожарникарите од ТППЕ Велес во 2:30 по полноќ успеаја да го изгаснат големиот пожар кој беснееше 14 часа на вливот на река Бабуна на стариот пат кон село Црквино, во близина на компанијата „АГРИА“ кај Велес.

Овој пожар избувна на 31 јули напладне околу 12:10 минути, кога бил пријавен, а велешките пожарникари со две проптивпожарни возила и шест пожарникари веднаш стигнале на местото на пожарот и од 12:20 започнале со негово гаснење. Силниот ветар на пожарникарите им создавал дополнителни маки и им го отежнувал неговото локализирање и целосно гаснење.

Во овој пожар, како што информираат за МИА, од ТППЕ Велес со пожарот била зафатена голема површина од три хектари во кои изгореле трева, трња и лозанки.

Коронавирус