четврток, 18. јули 2019. Вести денес: 113
home Хроника

Пожар избувна во зграда во Гостивар (ФОТО)

Пожар избувна во зграда во Гостивар (ФОТО)

Пожар избувнал утрово во зградата кај Црвениот Крст во Гостивар. Огнот го зафатил влезот од објектот и подрумските простории. Со интервенција на гостиварската Противпожарна единица, било спречено проширување и пожарот бил изгаснат, пишува гостиварпрес.

Причините дополнително ќе се утврдуваат. Ова е втор пожар во објект деновиве во Гостивар. Пред неколку дена, изгоре кат и кров на куќа на улицата ЈНА.