сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Хроника

Пожар избувна во куќа во кавадаречко- едно противпожарно возило се излизгало од патот

Пожар избувна во куќа во кавадаречко- едно противпожарно возило се излизгало од патот

Пожар зафатил стара куќа попладнево во кавадаречкото село Бегниште, повредени нема.

Командирот на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци Илчо Богевски изјави дека со тројца пожарникари и две противпожарни возила успеале да спречат огнот да се прошири на околните објекти во селото, пренесува МИА.

Богоевски рече дека пристапот до куќата бил многу тежок и дека едно од противпожарните возила се излизгало од патот.

Тој упати апел за внимателност, особено вечерва кога ќе се палат коледарски огнови.