четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 162
home Хроника

Повредени пет лица: Возило излетало од патот Могила-Будаково

Повредени пет лица: Возило излетало од патот Могила-Будаково

СВР-Битола соопшти дека синоќа во 21:20 часот било пријавено дека на патот Могила-Будаково пред селото Радобор се случила сообраќајна несреќа во која се повредени неколку државјани на Република Турција.

Во сообраќајката учествувал патничко возило „Форд галакси“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Џ. (44) од село Канатларци, прилепско излетало од патот и притоа во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле С.Џ. и сопатниците Е.Џ. (29) од селото Канатларци и тројца државјани на Република Турција, односно М.З. (21), М.С. (20) и А.Д. (22).

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

Коронавирус