четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Хроника

Повредени осум лица, 11 сообраќајки вчера во Скопје

Повредени осум лица, 11 сообраќајки вчера во Скопје

Осум лица се здобиле со лесни телесни повреди во 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје. Во пет сообраќајќи е причинета материјална штета.

Според билтенот на СВР Скопје, 56 возачи возеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени десет возачи кои биле под дејство на алкохол, седум кои возеле пред да се стекнат со правото за управување со возило и двајца возачи почетници. Од сообраќај се исклучени и шест нерегистрирани.

Сообраќајната полиција издала 76 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 76 возила.

Санкционирани се и тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за не правилно престројување, четворица за не правилно престигнување и шест возачи за не поседување пропишана зимска опрема во возилата.

МИА

Коронавирус