сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 64
home Хроника

Повредени мажи од Арачиново и Истибања, пренесени на клиника

Повредени мажи од Арачиново и Истибања, пренесени на клиника

На 05.09.2020 во 19:55 часот на регионален пат Берово-Виница на место викано „Скараница“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.Н.(70) од с.Истибања, и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(40) од с.Арачиново,скопско.

Во незгодата со повреди здобил М.Н. кој бил пренесен во Медицински центар Кочани за укажување на лекарска помош, а А.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил префрлен во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Виница.

Коронавирус