петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 11
home Хроника

Повредени две лица во сообраќајка во Прилеп

Повредени две лица во сообраќајка во Прилеп

На 18.10.2020 во околу 16.45 часот на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ фиат браво“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.В (38) од Прилеп и патничко возило „опел мерива“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(41) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил С.В.(67), сопатник во возилото „фиат брaво“, додека Д.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.

Увид извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.

Коронавирус