четврток, 27. јуни 2019. Вести денес: 69
home Хроника

Повредени две лица: Малолетник од Гостивар предизвика сообраќајна несреќа

Повредени две лица: Малолетник од Гостивар предизвика сообраќајна несреќа

На локалниот пат што води кон гостиварската депонија „Русино“ вчера утрото мотоцикл „Гланц“, што без дозвола го управувал 17-годишник од Гостивар, изгубил контрола и излетал од коловозот.

На повредениот возач му е укажана лекарска помош во гостиварската општа болница „Ферид Мурат“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Сопатникот на мотоциклот, С.П.(19) од Гостивар, исто така, се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош бил префрлен на скопските клиники.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.