петок, 4. декември 2020. Вести денес: 1
home Хроника

ПОВРЕДЕНИ 8 ЛИЦА: Сообраќајка на автопатот Гостивар- Тетово, возилата излетале

ПОВРЕДЕНИ 8 ЛИЦА: Сообраќајка на автопатот Гостивар- Тетово, возилата излетале

Во сообраќајна незгода која синоќа се случила на автопатот Гостивар- Тетово, кај месноста „тумчевишка клучка“ со телесни повреди се здобиле осум лица.

Од СВР Тетово, информираат дека во несреќата, која најверојатно се случила при престигнување, се судриле комби со италијански регистерски ознаки и автомобил „мерцедес“ со албански ознаки. Додека се движеле кон Тетово, од засега неутврдени причини, возилата се судриле и излетале од коловозот.

Од првичните сознанија во комбето покрај возачот имало шест патници, а во мерцедесот вкупно шест лица. По пружањето на медицинска помош, сите повредени се пуштени на домашно лекување.

Од СВР Тетово, апелираат до возачите да ја приспособат брзината на посточеките услови особено во зимски услови, зашто, како што наведува портпаролот Марјан Јосифоски, дозволно е само мало невнимание да се загуби контрола над возилото и брзо да се излезе од коловозот.

– Нерамниот коловоз со повеќе вдлабнатини и бројните таканаречени „крпеници“ на асфалниот слој, заедно со големата брзина, се најголемите ризик-фактори за „сообраќајки“ со сериозни последици (со загинати или повредени лица) и годинава. Ова, посебно кога е врнежливо и кога на повеќе места се создваат „езерца“ со вода, кои претставуваат потенцијална опасност за излетување, вели Јосифоски, пренесува МИА.

Минатиот месец на тетовското подрачје регистрирани се 14 излегувања од коловоз, а лани вкупно 132, од кои речиси половината се случиле на автопатот.

Коронавирус