петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Хроника

ПОВРЕДЕНИ 4 ЛИЦА: Тешка сообраќајка на патот Кичево-Гостивар, се судрија возила со бугарски и албански таблички

ПОВРЕДЕНИ 4 ЛИЦА: Тешка сообраќајка на патот Кичево-Гостивар, се судрија возила со бугарски и албански таблички

На 30.07.2021 година во 19.45 часот, кај месноста „Инфос“ на магистралниот пат Кичево-Гостивар, се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички возила „фолксваген кеди“, со бугарски национални ознаки, управуван од К.Г.Н.(49) од Бугарија и „ауди“, со албански национални ознаки, управуван од Р.З.(23) од Албанија.

Во незгодата Р.З. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека возачот на „фолксваген кеди“, сопатникот од истото возило М.В.Н.(51) од Бугарија и О.С. од Албанија, кој бил сопатник во возилото „ауди“ се здобиле со телесни повреди. Увид извршија полициски екипи.

Коронавирус