понеделник, 20. август 2018. Вести денес: 48
home Хроника

Повредени 27 лица во 22 сообраќајки викендов во Скопје

Повредени 27 лица во 22 сообраќајки викендов во Скопје

Во текот на изминатите денови (08,09 и 10.06.2018 година), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 22 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, 13 со телесни повреди и седум со материјална штета.

При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и 25 со лесни телесни повреди. 200 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената.

Исто така, исклучени се и 159 возачи бидејќи 82 го управувале возилото под дејство на алкохол, 68 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и девет биле возачи почетници. 81 возила се исклучени од сообраќај, бидејќи 59 биле со истечена важност на сообраќајната дозвола, 21 биле нерегистрирани и едно технички неисправно.

Санкционирани се и 11 возачи кои поминале крстосница на црвено светло, 24 неправилно се престроиле, пет неправилно престигнувале и 43 користеле мобилен телефон. Во текот на изминатите денови издадени се 208 мандатни платни налози,  додека исто така 110 возила се подигнати со “Пајак”.