среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 67
home Хроника

Повредени 17 лица во сообраќајки вчера во Скопје

Повредени 17 лица во сообраќајки вчера во Скопје

Седумнаесет лица се полесно повредени во 12 сообраќајни несреќи евидентирани на подрачјето на СВР Скопје во изминатото деноноќие.

Сообраќајната полиција санкционирала 54 возачи за пречекорување на пропишаната брзина, исклучени се 12 возачи од сообраќај, од кои 11 пред да се стекнат со право на управувањее, еден под дејство на алкохол. Од сообраќај биле исклучени и 12 нерегистрирани возила.

Изречени се 63 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ кренал 61 возило.

Санкционирани се 15 пешаци за поминување коловоз надвор од пешачки премин, како и пет за некористење заштитен  шлем при возење мотор, мопед и мотоцикл.

Коронавирус