сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 36
home Хроника

Повредени 16 лица викендов во сообраќајки во Скопје

Повредени 16 лица викендов во сообраќајки во Скопје

Еден пешак и еден возач на мотор се тешко повредени, а четеринаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во 25 сообраќајни незгоди евидентирани изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција санкционирала 200 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај биле исклучени 90 возачи.

Според полицискиот извештај, 35 управувале под дејство на алкохол, 44 управувале возило пред да се стекнат со право на управување моторно возило, 11 почетници, две возила биле технички неисправни, 45 нерегистрирани и двајца поради претовар.

Непрописно биле паркирани 134 возила, а  пајак службата подигнала 102 моторни возила.

Санкционирани биле и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин, тројца  пешаци поминале на црвено светло, осум возачи поминале крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаците, тројца неправилно се престроиле, двајца неправилно престигнувале, а 25 возачи се санкционирани за некористење заштитен шлем.

Одделението за превенција во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” денеска ќе реализира едукативни работилници во градинка „8 Март“ објект „Пеперутка 1 и 2“, во населба Драчево општина Кисела Вода, со децата од средна и голема група.

Коронавирус