понеделник, 20. август 2018. Вести денес: 47
home Хроника

Повредени 10 лица во сообраќајки вчера во Скопје

Повредени 10 лица во сообраќајки вчера во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, шест со лесни телесни повреди и две со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а девет лица со лесни телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 69 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 21 возач од кои: три возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол и 18 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така исклучени од сообраќај се и 21 возило поради истечена важност на сообраќајната дозвола.

Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради неправилно престигнување, четворица затоа што не дале првенство на минување на пешаци и 10 возачи поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница и 28 возачи поради користење на мобилен телефон додека управувале моторно возило.

Покрај ова, санкционирани се и тројца пешаци затоа што поминале коловоз надвор од пешачки премин.

Во текот на изминатиот ден издадени се 98 мандатни платни налози, додека 60 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.