среда, 22. септември 2021. Вести денес: 152
home Хроника

Повредена скопјанка пренесена во Градска болница- ја нападнале роднини на нејзиниот сопруг

Повредена скопјанка пренесена во Градска болница- ја нападнале роднини на нејзиниот сопруг

Вчера околу 14.15 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено женско лице.

По излегување на местото полициски службеници констатирале дека повреденото лице е Р.Х.(39) од нас.Сингелиќ.

Во 18.00 часот во Полициската станица Гази Баба Р.Х. пријавила дека околу 12.45 часот, поради нерасчистени имотно-правни односи, таа била физички нападната од Б.И. и Ф.Љ., кои биле во роднинска врска со нејзиниот сопруг.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус