четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 19
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Повредена 32-годишна жена во сообраќајка во Скопје

Повредена 32-годишна жена во сообраќајка во Скопје

На 01.02.2019 година во 21.40 часот на крстосницата на булеварите „Србија“, „12-та Македонска Бригада“ и „3-та Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(35) од Скопје и патничко возило „Тојота Ајго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(36) од Скопје, информираат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Б.М.И.(32), сопатничка  во возилото „Тојота Ајго“.

Со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.