петок, 19. јули 2019. Вести денес: 60
home Хроника

Повреден вработен при вооружен грабеж на бензинска пумпа кај Миладиновци, разбојникот приведен

Повреден вработен при вооружен грабеж на бензинска пумпа кај Миладиновци, разбојникот приведен

Вчера околу 20:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од село Бујковци кон село Миладиновци, скопско, непознат сторител се обидел да изврши разбојништво над С.С.вработен во бензинска пумпа и испукал куршум во него, по што побегнал.

На С.С. му е констатирана телесна повреда во болницата „Свети Наум Охридски“, а во врска со случајот приведено е едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.