четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 3
МЕГА БОМБА

АУДИО: Објавена нова бомба за Заев – „Маме ќе им e*aм на сите што ќе влезат кај мене во коалиција“

home Хроника

Повреден рудар во пробиштипскиот рудник „Булмак“

Повреден рудар во пробиштипскиот рудник „Булмак“

Повреден е 56-годишен рудар во рудникот за олово и цинк „Булмак“ во Пробиштип.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила рано утринава, а во Полициската станица во Пробиштип е пријавена во 2.55 часот.

-Во Итната медицинска помош во Пробиштип бил донесен рударот Б.Б од село Злетово, пробиштипско, кој се здобил со повреди при работа во рудникот „Булмак“ во Пробиштип и истиот е хоспитализиран во штипската Клиничка болница, вели Панајотова.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека повредениот рудар е хоспитализиран на ортопедија и според лекарите се здобил со лесни телесни повреди нагмечување во предлот на карлицата.

Во текот на денот увид на местото на настанот треба да извршат јавен обвинител и државен рударски инспектор.

Парламентарни избори 2020