сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 125
home Хроника

Повреден пожарникар: Гаснел запален оџак, па паднал од кров

Повреден пожарникар: Гаснел запален оџак, па паднал од кров

Кумановецот С.В.(46), пожарникар во Територијалната противпожарна единица Куманово, вчера бил тешко повреден при интервенција, информираше МВР.

Несреќата се случила околу 19 часот на улицата Младен Стојановиќ во Куманово. Пожарникарите интервенирале во куќата на Ф.Ј.(40) каде се запалил оџакот. Во еден момент С.В. паднал од кровот. Тој бил пренесен во Медицински центар Куманово каде му била укажана лекарска помош, а потоа бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и инспектор од Државен инспекторат за труд.

Коронавирус