недела, 9. август 2020. Вести денес: 73
home Хроника

Повреден полицаец во сообраќајка кај Лагадин

Повреден полицаец во сообраќајка кај Лагадин

Полициски службеник е повреден во сообраќајка што се случила синоќа околу 19.55 часот на регионален пат во населба Лагадин,Охрид.

Од МВР информираат дека сообраќајната незгода се случила помеѓу моторцикл сопственост на МВР, управуван од полициски службеник и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(30) од Маврово.

– Во незгодата полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата„Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, појаснуваат во соопштението денеска од МВР.

Коронавирус