четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Хроника

Повреден полицаец, го удриле со автомобил

Повреден полицаец, го удриле со автомобил

На 06.11.2020 во 18:25 часот било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Штип, патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.С.(50) од Скопје удрило во полициски службеник С.С.(23) од Пробиштип, кој извршувал работни задачи за контрола и регулирање на сообраќај.

Во незгодата С.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип, во присуство на Јавен обвинител.

Коронавирус