среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Хроника

Повреден полицаец, го прегазил стружанец кој бил сопрен за контрола

Повреден полицаец, го прегазил стружанец кој бил сопрен за контрола

На 20.06.2020 околу 15,00 часот во Полициска станица Струга било пријавено дека на ул.„П. бригади“ во Струга полициски службеник при вршење работа од безбедноста сопрел патничко моторно возило “Форд“ со струшки регистарски ознаки управувано од К.И.(49) од с.Октиси, струшко, поради сторен сообраќаен прекршок, информираат од МВР.

Од полицијата информираат дека при обид за легитимирање на возачот, истиот одбил, го стартувал возилото и со возилото го удрил полицискиот службеник по што го напуштил местото на настанот.

Полицискиот службеник е пренесен во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош.

За настанот е известен јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус