среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Хроника

Повреден малолетник и уште 4 лица: Тешка сообраќајка на патот Битола-Ресен

Повреден малолетник и уште 4 лица: Тешка сообраќајка на патот Битола-Ресен

Вчера во 13.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(57) од Битола и трактор „ИМТ 539“, без регистарски ознаки, со приколка, управуван од Г.П.(45) од с.Подмочани, ресенско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од патничкото возило, а со телесни повреди се здобиле возачот И.Ј. и уште тројца сопатници од возилото, Л.Ј.(51), Б.Ј.(19) и З.Ј.(59), сите од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од Полициската станица Ресен.

Коронавирус