сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Повеќе од 160 казни за возачи во Скопје

Повеќе од 160 казни за возачи во Скопје

Скопската полиција вчера од 6 до 24 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

Притоа санкционирани се 22 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 49 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатен платен налог и 28 прекршочни платни налози.

Санкционирани се и 16 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 25 останати прекршоци за кои се издадени осум мандатни платни налози и 17 прекршочни платни налози.

Вчера санкционирани се четири возачи на мотори, а откриени се и 52 останати прекршоци за кои се издадени 33 мандатни платни налози и 19 прекршочни платни налози.