среда, 28. јули 2021. Вести денес: 140
home Хроника

Поведени постапки против 11 лица за непочитување на полицискиот час во Скопје​

Поведени постапки против 11 лица за непочитување на полицискиот час во Скопје​

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Против две лица, пак, за истото кривично дело е поднесен обвинителен предлог.

Во различни временски периоди и на различни локации, обвинетите биле затекнати при непочитување на полицискиот час. Се движеле надвор од своите домови без да поседуваат дозвола за време на часовите кога тоа е забрането согласно прописите со кои се определени мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.​

Коронавирус