понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Хроника

Поведена постапка за злоупотреби при издавањето возачки дозволи

Поведена постапка за злоупотреби при издавањето возачки дозволи

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица вработени во Министерството за внатрешни работи- Одделение за управни работи Скопје за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, за повеќе граѓани креирале барања, спроведувале процедури и одобрувале изработка на возачки дозволи за Б категорија, иако барателите немале положено возачки испит и не се стекнале со право за поседување возачка дозвола.

За еден од осомничените, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. За останатите седуммина предложени се мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, обврска повремено да се јавуваат во Основниот кривичен суд Скопје, како и забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Во исто време, надлежниот јавен обвинител поведе постапка и против 31 друго лице кои извршиле поттикнување при извршувањето на наведеното кривично дело, односно се јавувале како баратели на возачки дозволи, иако немале положено возачки испит.​​

ЕУРО 2020

Македонија