среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 140
home Хроника

Поведена постапка за уцена

Поведена постапка за уцена

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кои постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Уцена од член 259 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 28-годишник, во периодот од 21 до 31 јануари, преку мобилната апликација Вибер, побарал од една оштетена да му даде 1.500 евра за да не објави нејзини фотографии и видео клипови со компромитирачка содржина. На 31 јануари, по претходен договор, се сретнале со оштетената во кафе бар на плоштадот „Македонија“, каде таа му предала парични средства во износ од 30.750 денари, односно 500 евра во денарска противвредност. Веднаш по преземањето на парите осомничениот бил приведен.

Надлежниот јавен обвинител, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека постои опасност од бегство, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

ЕУРО 2020

Македонија