понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Хроника

Поведена постапка за убиство на женско лице кое беше пронајдено во атар на Горно Оризари

Поведена постапка за убиство на женско лице кое беше пронајдено во атар на Горно Оризари

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, скопјанец на возраст од 37 години, за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Телото на починатата беше пронајдено од минувачи на 5 август 2019 година, во атар на с. Горно Оризари, во близина на локалниот пат кој води од Шуто Оризари. Телото било таму оставено, откако осомниченот на 3 август околу 15.30 часот го извршил кривичното дело при вршење семејно насилство кон жртвата со која живеел во вонбрачна заедница. По настаната  вербална расправија, осомничениот започнал со тупаници да ја удира жртвата по главата, по што и нанел две убодни рани од кои настанале тешки телесни повреди со смртен исход.

Јавниот обвинител  од Основното јавно обвинителсто Скопје, со поведување на истражната постапка до Судот поднесе Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице,  поради постоење на опасност од бегство и опасност од влијание врз сведоци.

Коронавирус