сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 124
home Хроника

Поведена постапка за осум лица за непочитување на полицискиот час во Гостивар

Поведена постапка за осум лица за непочитување на полицискиот час во Гостивар

Јавното обвинителство поведе постапка за осум лица од Гостивар заради непочитување на мерките за забрана на движење.

– Обвинетите,  во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Тие не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час без дозвола, пеш или со возила се движеле низ градот, соопштуваат од Јавното обвинителство

За обвинетите, Обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побарала од Судот да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби.

Локални избори 2021