понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 59
home Хроника

Поведена постапка против велешанец, во дворот на баба му држел марихуана која потоа ја продавал

Поведена постапка против велешанец, во дворот на баба му држел марихуана која потоа ја продавал

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден велешанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во дворот од куќата на неговата баба каде тој повремено престојувал, неовластено заради продажба држел 420,6 грама наркотична дрога – марихуана. Дрогата, спакувана во едно најлонско кесе, ја чувал во метално буре во дворот, а полициски службеници од СВР Велес ја пронашле при претрес.

Со оглед на тоа што осомничениот веќе е осудуван за исто кривично дело и дека во текот на истражната постапка треба да се сослушаат сведоци кои се во роднинска врска со него, Основното јавно обвинителство Велес оцени дека е оправдан стравот осомничениот да го повтори кривичното дело и да влијае врз сведоците. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор против осомничениот.​​

Коронавирус