четврток, 29. јули 2021. Вести денес: 1
home Хроника

Поведена постапка против учесници на протест во Скопје за непочитување на здравствените прописи

Поведена постапка против учесници на протест во Скопје за непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против вкупно 15 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈОРМ, обвинетите, на 31 мај, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање и спречување на ширењето на заразната болест COVID-19.

-Имено, иако со одлука на Владата било забрането групирање на повеќе од пет лица на јавни површини, тие се собрале на булеварот „Илинден“ во близина на зградата на Владата, каде учествувале на јавен собир под мотото „Стоп кршење права и слободи, стоп вакцини, стоп 5G антени, стоп лажна пандемија“. Обвинетите биле затекнати од полициски службеници при извршена контрола на местото на настанот, се наведува во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител, се додава, предложи на секој од обвинетите да му биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Коронавирус