недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 103
home Хроника

Поведена постапка против осомничен за обид за убиство​, од зад грб нападнал маж

Поведена постапка против осомничен за обид за убиство​, од зад грб нападнал маж

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 57-годишен жител на с. Вељуса поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

-Осомничениот на 4 мај 2021 година, околу 8:30 часот во с. Вељуса, се обидел да го лиши од живот оштетениот кој се движел по главниот пат. Без никаков повод или причина и без претходна вербална расправија, осомничениот со брзи чекори му се приближил од зад грб на оштетениот и со дрвен стап со должина од околу 1,50 метри започнал да го удира во пределот на главата и телото. Кога оштетениот успеал да му го одземе дрвениот предмет, осомничениот иако бил свесен дека поради неговото сторување може да настапи штетна последица, но се согласил со нејзиното настапување, со нож со дрвена рачка и сечило од околу 20 сантиметри што го држел во другата рака, го прободел оштетениот во левата страна од половината, информира Обвинителството.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот беше прифатен од Судијата на претходна постапка при Основниот суд Струмица, па на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

ЕУРО 2020

Македонија