сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Поведена постапка против едно лице за непочитување на полицискиот час во Гостивар

Поведена постапка против едно лице за непочитување на полицискиот час во Гостивар
фотоилустарција

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против 31-годишен жител на селото Ѓурчевиште за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството му предлага на Основниот суд во Гостивар да определи парична казна за лицето кое на 14 април било затекнато при непочитување на полицискиот час. За време на забраната за движење на населението, определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, обвинетиот без дозвола се движел надвор од неговиот дом.​​

Коронавирус