четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 7
home Хроника

Поранешен директор на средно училиште во Гостивар ја злоупотребил службената положба

Поранешен директор на средно училиште во Гостивар ја злоупотребил службената положба

Кривична пријава е поднесена против поранешниот директор на средното општинско училиште во Гостивар кој во периодот од ноември 2017 година до март годинава ја злоупотребил службената положба.

Според денешниот полициски билтен, 38-годишниот И.Д. како директор присвоил мобилен телефон, кој бил сопственост на училиштето, а во повеќе наврати, од сметката на училиштето, искористил вкупно 12.000 денари за гориво, без да приложи соодветна документација. Исто така на 17 февруари годинава спротивно на Правилникот за начинот на изведување на училишните екскурзии на учениците од средните училишта, овозможил да се организира еднодневна екскурзија во Косово.

Коронавирус