среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 152
home Хроника

Поради недоразбирање во сообраќајот се заканувал со пиштол

Поради недоразбирање во сообраќајот се заканувал со пиштол

На 16.03.2020 околу 20:00 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, С.Р.(29) од с.Кондово, скопско, пријавил дека околу 17:40 часот на крстосница од ул.„Радушка“ и ул.„Борис Сарафов“, додека управувал со патничко возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, бил пресретнат од патничко возило „пежо“.

Возилото било со непознати регистарски ознаки, управувано од Д.Н., при што по претходна расправија поради недоразбирање во  сообраќајот, Д.Н. извадил пиштол и почнал да упатува навреди и закани кон пријавителот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Локални избори 2021