сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 42
home Хроника

Поради девојка се мавале со чаши и флаши

Поради девојка се мавале со чаши и флаши

Денеска во 02.40 часот во угостителски објект на булевар “Св. Климент Охритски” нарушен е јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка.

Излезено е на местото на настанот од страна на полициски службеници, при што е констатрано дека А.Д.(20) од едната страна и В.П.(25) и Д.М.(26) од другата страна сите од Скопје, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка при што истите се удирале со флаши и чаши меѓу себе.

Причина за нарушувањето е меѓусебно недоразбирање во врска со девојка. На Д.М. и В.М. им е укажана лекарска помош во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде им се констатирани телесни повреди, додека кај А.Д.  не се забележани видливи повреди.

Поднесени се три записници за констатаиран прекршок по член 5 и член 11 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир.

Коронавирус