сабота, 20. октомври 2018. Вести денес: 76
home Хроника

Полни раце работа за полицијата, три тепачки во текот на минатата ноќ во Прилеп

Полни раце работа за полицијата, три тепачки во текот на минатата ноќ во Прилеп

Во текот на вчерашниот ден во 23:40 часот во Полициската станица Прилеп, М.П.(20) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 23.30 часот на улица ,,Кеј 9-ти Септември“ физички бил нападнат од лицата Ш.С. од село Десово, Б.П. од Прилеп, С.Ф. од село Канатларци и А.С. од село Пешталево, информираат од МВР.

Исто така, утринава во 04.30 часот во Полициската станица Прилеп, Д.М.(27) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 02.30 часот во Бизнис центарот во Прилеп физички бил нападнат од лицето И.Б. и уште две непознати лица.

А и уште еден инцедент од Прилеп. Во Полициската станица Прилеп, М.Б.(27) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 02.30 часот на плоштадот ,,Методија Андонов Ченто“ во Прилеп физички бил нападнат од непознато лице, при што изгубил свест и паднал на земја.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.