среда, 22. мај 2019. Вести денес: 5
home Хроника

Полициско возило се судри со автомобил: Повредени возачите и сопатниците

Полициско возило се судри со автомобил: Повредени возачите и сопатниците

На 14.03.2019 година во 19:30 часот на раскрсницата од булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Васко Карангелевски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Поло“ сопственост на МВР, а управувано од М.Г.(28) и патничко моторно возило „Пежо“ со скопски регистерски таблици управувано од Г.С.(37) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобиле возачите и сопатниците од двете возила и истите со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им е пружена медицинска помош.

Од страна на увидна екипа од СВР Скопје извршен е увид на местото на настанот а за незгодата известен е Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди кој превзема мерки од нивна надлежност.