петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 11
home Хроника

Полицијата во автомобил „БМВ“ на млад тетовец пронајде бела прашкаста материја- веднаш бил лишен од слобода

Полицијата во автомобил „БМВ“ на млад тетовец пронајде бела прашкаста материја- веднаш бил лишен од слобода

Утринава во 2 часот во село Камењане полициски службеници при извршен преглед на Ј.И.(23) од село Долно Палчиште-тетовско кој управувал возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки пронашле бела прашкаста материја.

Тој бил лишен од слобода во СВР Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.