среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 139
home Хроника

Полицијата влезе во домот на маж од Свети Николе, па веднаш му стави лисици

Полицијата влезе во домот на маж од Свети Николе, па веднаш му стави лисици

На 16.10.2020 во 11:30 часот во Свети Николе, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го лишиле од слобода С.Т.(36) од Свети Николе.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, прашкаста материја и дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус