недела, 15. септември 2019. Вести денес: 12
home Хроника

Полицијата вчера во Скопје казни еден пешак, издадени 116 казни

Полицијата вчера во Скопје казни еден пешак, издадени 116 казни

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи – Скопје во рамки на преземени мерки и активности, издадени се 116 мандатни платни налози и констатирано е дека 31 возач управувал возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 15 возачи од кои пет затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 10 затоа што управувале возила без да се стекнат со право за нивно управување. Исклучени од сообраќај се и 12 возила, бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се четворица возачи поради поминување крстосница на црвено светло, четворица поради неправилно престројување, еден поради тоа што не почитувал првенство на минување во зона на крстосница, пет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и седум поради користење мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак.