понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 160
home Хроника

Полицијата упадна во домот на битолчанец- Веднаш го приведе

Полицијата упадна во домот на битолчанец- Веднаш го приведе

СВР-Битола поднесе кривична пријава против 54-годишниот А.Ј. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.

Имено, при претрес во домот на пријавениот пронајдени и одземени се пиштол марка „ЦЗ“ калибар 6.35мм со рамка со шест куршуми и пиштол–непозната марка калибар 6.35мм со рамка за истиот со два куршума.

Од страна на судија на претходна постапка од Основниот Суд-Битола, на А.Ј. одредена му била мерка притвор во траење од 30 дена.

Коронавирус