сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 12
home Хроника

Полицијата спречи влез на 121 мигрант во Македонија, уште 37 се уапсени на територијата на државата

Полицијата спречи влез на 121 мигрант во Македонија, уште 37 се уапсени на територијата на државата

Во периодот од 18.09 до денеска, од страна на полициски службеници во ПС за граничен надзор ,,Сопот“, на самата гранична линија на потегот од Миратовачки пат (с.Лојане) до автопатот спречен е обид за илегален влез во Република Македонија од правец на Република Србија на 121 лице мигранти во тринаесет случаи.Од нив 112 биле од Иран, шест од Авганистан и три лица од Индија, информираат од МВР.

Додека пак, вчера околу 16,00 часот од страна на патрола од Полициската станица за граничен надзор Богородица забележана била поголема група на лица кои се движеле од брана Паљурци кон с. Фурка. На дадена усна наредба од страна на униформирани полициски службеници да застанат, непознатото лице кое било на чело на групата се дало во бегство, а групата од 37 лица (мигранти) е сопрена. Во ПС Богородица се приведени 37 мигранти за понатамошна постапка, велат од МВР.

Коронавирус