сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата пронајде осуммина мигранти на автопатот Куманово-Табановце

Полицијата пронајде осуммина мигранти на автопатот Куманово-Табановце

Во кумановската полиција во раните утрински часови на 30. август било пријавено дека се пронајдени мигранти на автопатот Куманово-Табановце, поточно кај клучката за село Костурник.

Како што информираат од МВР, мобилна екипа на Царинска управа во автомобил со скопска регистрација пронашла осуммина мигранти (двајца од Ирак и шестмина од Пакистан).

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус