вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Полицијата приведе сопственик на локал од Жеровјане и девет танчерки

Полицијата приведе сопственик на локал од Жеровјане и девет танчерки

При акциска контрола на полицијата ноќеска во угостителски објект во Жеровјане биле затекнати девет женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив три биле српски државјанки и една од Република Бугарија. Заедно со сопственикот на објектот тие биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

МВР соопшти дека во периодот од 23:00 часот на 15 август до 00:40 часот на 16 август, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Жеровјане, сопственост на А.А.(28) од село Боговиње.

За време на контролата во објектот биле затекнати девет женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив четири биле странски државјанки, три од Република Србија и една од Република Бугарија, и пет македонски државјанки. Забавувачките заедно со сопственикот на објектот биле приведени од полицијата. (МИА)

 

 

Коронавирус