понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 182
home Хроника

Полицијата поднесе пријава против сопственикот на коњот кој се движеше во спротивна насока на автопат

Полицијата поднесе пријава против сопственикот на коњот кој се движеше во спротивна насока на автопат

Тетовската полиција ќе поднесе пријава за 53-годишник од градот чиј коњ без контрола се движеше во спротивна насока на автопатот Тетово-Скопје.

Во вторникот околу 14 часот граѓани пријавиле во СВР Тетово дека забележале како животното само се движи на автопатската делница. На снимка која се појави на социјалните мрежи се гледа како полицијата со возило успева да го сопре коњот, а потоа и да го отстрани од автопатот.

Од СВР Тетово потврдуваат дека нивните службеници го тргнале коњот од автопатот со цел безбедно одвивање на сообраќајот.

-Во СВР Тетово беше пријавено дека по автопатот Тетово-Скопје, на потегот од клучката за Брвеница кон Требошки натпатник, во спротивна насока, без надзор и контрола, сам се движи коњ со запрега. Kоњот со запрега е фатен и однесен во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово. Набрзо е идентификуван и повикан сопственикот Н.К.(53) од Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Се расчистува случајот, по што против Н.К. ќе следува соодветен поднесок.

Локални избори 2021