недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 21
home Хроника

Полицијата откри оружје во куќа во прилепско, приведен 32-годишен маж

Полицијата откри оружје во куќа во прилепско, приведен 32-годишен маж

При претрес на дом и други простории кои ги користи лицето Е.З. (32) од прилепското село Лажани, полицијата откри и одзема повеќе парчиња оружје и муниција.

Акцијата, како што информираат од МВР, е во рамки на зајакнатите активности во борбата против недозволената трговија со огнено оружје.

– Притоа, биле пронајдени и одземени една автоматска пушка калибар 7,62 милиметри, една пушка непозната марка калибар 6 милиметри, две рамки за автоматска пушка, пет куршуми за пиштол калибар 7,62 милимери, два ловечки патрони калибар 16 милиметри и еден куршум за пушка калибар 7,9 милиметри, се вели во соопштението од МВР.

Претресот е извршен денеска во координирана акција на Одделот за крим полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Прилеп при СВР Битола, а по наредба од судија на претходна постапка.

Лицето е лишено од слобода и по изготвување на соодветен поднесок од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Прилеп ќе биде предадено на јавен обвинител.

Коронавирус